Турската опозиција стравува од политичко насилство во земјата
Турската опозиција денеска изрази стравување дека декретот што вчера го објави Владата на Турција би можел да создаде услови за политичко насилство од страна на владините приврзаници.
Како што јави ДПА, Владата вчера објави декрет со кој им се гарантира имунитет на лицата кои нападнале војници за време на обидот за воен удар во јули минатата година.
Со декретот, кој го издаде Владата врз основа на нејзините надлежности што произлегуваат од режимот на вонредна состојба, им се дава имунитет на оние кои дејствувале „за спречување на воениот удар и на терористичките активности поврзани со него“.
- Тоа се случува во фашистичките држави. Тоа се случува во услови на диктатура, кога секаат да го заплашат и тероризираат општетсвото со помош на цивилните милиции, изјави портпаролот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП), Булент Тезџан.
Тој оцени дека декретот претставува „бомба насочена против срцето на оптеството“, најавувајќи дека ЦХП ќе го обжали пред Врјовниот суд на Турција.
Лидерката на новоформираната националиситчка Добра партија, Мерал Акшенер на Твитер објави декановиот декрет претставува „вовлекување на земјата во граѓанска војна“,
По ваквите реакции на опозицијата, турската Влада соопшти дека декретот за имунитет се однесува само за ноќта на обидот за преврат меѓу 15 и 16 јули и дека со него нема да бидат опфатени други слични постапки.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите