„Турандот“ во МОБ
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена операта „Турандот“ од Џакомо Пучини. Диригент е Иван Еминовиќ, режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако, а за кореографијата се погрижи Саша Евтимова.
- Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, што беше дел од минатогодишните „Мајски оперски вечери“ повторно се враќа на сцената, информираат од МОБ.
Настапуваат Павлина Новакова, Ворен Мок, Бинг Бинг Ванг, Владимир Саздовски, Кристијан Антовски, Дарко Нешовски, Дејан Стоев, Диме Петров, Марјан Николовски, Дарко Нешовски и Тихомир Јакимовски.
„Турандот“ е опера во три чина од Џакомо Пучини. Напишана е по либретото на Џузепе Адами и Ренато Симони, а базирана на адаптацијата на Фридрих Шилер на драмата „Турандот“ од Карло Гоци. Пучини умира недовршувајќи ја операта, која подоцна е завршена од Франко Алфано. Одликувајќи се со „невообичаен“ музички материјал, во кој предничи иновативната употреба на хорот и оркестарот, стилот на Пучини во ова оперско дело е особено препознатлив во широките, експресивни мелодии.
Ново на Сител
-
Истрага за Онкологија – кој се ќе одговара за поигрување со човечки животи?
-
ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат над 2 милиони евра годишно за адвокати
-
СДСМ бара да се повлечат измените
-
Андоновски: Државата нема да забрани Тик-Ток, ќе работиме на едукација на родителите
-
Телеком го поддржа театарскиот проект Замисли нов свет
-
Преглед на вестите од светот
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците