Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
Два дена откако се најде на црната листа на САД, Артан Груби доцна синоќа преку социјалните мрежи објави дека се повлекува од јавниот живот, а за тоа е информиран и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
„Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети,
Јас пред Бога, семејството и пријателите сум чист како солза, Но, со намера да придонесам за вистината, која многумина од вас гледам дека веќе ја знаете, а за да не бидам ничив политички товар, решив да се повлечам од јавниот живот“, напиша Груби.
Се огласија и од апелација каде работи судијата Енвер Беџети.. Ја поддржуваат одлуката на Стејт Департментот за прошируавање на црната листа, а за случајот одржале и седница.. Велат, граделе отпорност кон политички или други влијанија при правораздавењето, даваат и поддршка на институциите во гонењето на корупција во сопствените редови..
„Апелациониот суд Скопје ја поддржува секоја заложба на надлежните државни институции за откривање и борба против евентуални случаи на висока корупција во судството, заради зачувување на интегритетот на судиите и судството во целина, но со почитување на начелото на презумпција на невиност“
Од Јавното обвинителство вчера информираа дека е оформен предмет за обезбедување на докази за евентулна кривична одговорност за лицата ставени на црната листа на САД. Ќе се истражува, кој плаќал и кој земал пари за влијание врз предметот со масовното прислушување..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар