Македонија
12. December 2024 - 21:23
Претрес во Судскиот совет
По наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, полициски службеници влегоа во Судскиот совет. Според обвинителството, полицијата обезбедува два записника со цел проверка на евентуални елементи на кривично дело.
Од ОЈО појаснуваат дека претресот во Судскиот совет не е поврзан со штотуку формираниот предмет за „црната листа“ на САД, за екс вицепремиерот Груби и судијата Беџети, туку се однесува на известување од МВР во кое е побарана наредба за обезбедување записници од седница на Советот во врска со мандатот на доскорашната претседателка Весна Дамева, која неодамна поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар
-->
-->