Loading Video...
Македонија
12. December 2024 - 16:56

Преглед на вестите од светот

Бугарија и Романија од  1 јануари 2025та година ќе станат  полноправни членки на Шенген зона. Министрите за внатрешни работи  на ЕУ одлучија да се кренат рампите на копнените граници за Бугарија и Романија, што беше последната пречка целосно да се интрегираат во европската зона за слободно патување. Контролите за патување и транспорт  по море и во воздух  беа укинати на 31 март годинава. Ова е голема победа за Бугарија, Романија и цела Европа, соопшти  унграското претседателство со советот на ЕУ. Софија и Букурешт децидни -  го заслуживме овој момент. Со нас се зацврстува Шенген зоната.

-Со нас се зацвствува Шенген зоната. Нашата заштита на границите е меѓу првите во Европа. Ќе продолжиме како лојален и цврст партнер на Шенген. Граѓаните на Романија го заслужија овој момент, изјави Каталин Предоју, Министер за внатрешни работи на Романија.

-Сепак граничните дејствија ќе продолжат особено на бугарско-турската граница каде што контролата ќе се засили. Од втори јануари таму ќе има стотина европски граничари од Унгарија, Бугарија, Романија и Австрија. За да го задржиме и подобриме сегашното намалување на миграцијата од 70 насто“, изјави Атанас Илков, министер за внатрешни работи на Бугарија.

Добрата вест за граѓаните на Романија и Бугарија стигна откако Австрија на денешниот состанок  ја укина забрната за целосно пристапување во Шенген. Забрната е укината бидејки Бугарија и Романија  успеаа да го намалат големиот број илегални мигрантит кои влегуваат во Австрија  токму од  овие земји, истакна првиот човек на австриската полиција. Пред две години  Виена ја крена рампата поради 80те илади незаконски преминувања на австриската граница.

-Сега, две години потоа, има само 4500 премини, тоа е масовно намалување. Ако Австрија не го наметна ветото, сега ќе имавме и 100-на илјади. Затоа беше неопходно да се впери прстот во Европската Унија и да ѝ се каже дека работите не можат веќе вака да одат. Затоа сега имаме усвоен договор за азил и за миграција“, изјави Герхард Карнер, министер за внатрешни работи на Австрија.

Европската комисија уште во 2011 година им даде зелено светло на двете држави да влезат во слободната зона, но, во најголем дел, поради противењето на Австрија, нивното членство беше блокирано. Проширувањето на Шенген зоната во ЕУ се носи едногласно. Шенген зоната се состои од 25 земји членки на ЕУ и Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Функционира како подрачје на една држава со контроли на границите со земјите кои не се во зоната, но без внатрешни гранични контроли.