Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
Претствник од Венецијанската комисија ќе биде поканат на подготвителната седница што вечра ја најавија од Уставниот суд за законот за јазици, дознава Сител. Тој ќе треба да го обралозжи конечното мислење на независното меѓународно експертско тело што треба да го донесе некаде во средината на март по однос на забелешките што веќе ги даде за двојазичните униформи и двојазичните пари.
Освен претставникот на Венецијанска комисија, на подготвителната седница која ќе се одржи кон крајот на март, се планира да присуствуваат и домашни екшерти по уставно право, коментираат извори од Судот. На оваа седница на Уставниот суд, согласно процедурите ќе бидат поканети и поднесетителите на 13 инцијативи за проверка на уставноста на законот з ајазици.
Сета оваа динамика ќе треба да се потврди и на работен состанок на Судот што ќе се одржи последната недела од декември, а насоки веќе му биле дадени и на судијата изцестител.
Во меѓувреме продолжуваат рекациите на опозициската ДУИ за овој закон и покрај тоа што вчера уставните судии, само го отворија предметот и го одложија одлучувањето за наредната година. Интегративците сега бараат одставка од претседателот на уставен Дарко Костадиновски поради тоа што законот не му се допаѓал и затоа таблата на Судот не е двојзаична.
„Лице кое отворено изразува несогласување со законите во сила и применува двојни стандарди на толку важна позиција како Претседател на Уставниот суд, не може да биде достојно за да продолжи со должноста. Неговото однесување ја поткопува не само довербата на граѓаните во институциите, туку и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост. Поради овие причини, ДУИ повикува на итна оставка на Претседателот на Уставниот суд“, реагираат од ДУИ.
Тие се незадоволни што сепак, постапката ќе продолжи.
Уставниот суд, вчера на седница на која не присуствуваа судиите од немнозинските заедници, ја одлложи расправата за Законот за јазици кој беше донесен во 2018 година. Против законот се поднесени 13 инцијативи.
-
Катерина Нешковa
Сите содржини од овој новинар