Трамп: Очекувам наскоро договор меѓу Русија и Саудиска Арабија за нафтата
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува во следните неколку дена Саудиска Арабија и Русија да постигнат договор за производството на нафта и со тоа да ја прекинат војната со цените на нафтата што ја „уништи“ нафтената индустрија ширум светот.
-Мислам дека во текот на следните неколку дена ќе можат да постигнат договор. И двете земји знаат што треба да направат, рече Трамп синоќа на прес-конференција во Белата куќа, без да ги образложи причините за неговиот оптимизам, пренесуваат британските медиуми.
„Нафтената индустрија ширум светот е опустошена“, додаде тој, укажувајќи на поплавата од понуда на нафтениот пазар околу битката за пазарниот удел меѓу Саудиска Арабија и Русија, што ги урна цените на „црното злато“ на 18-годишниот минимум.
Трамп рече дека сака да ја врати нафтената индустрија „таму каде што беше“.
-Мислам дека знам што да направам за тоа да го решам. Не сакаме да ги загубиме нашите одлични нафтени компании, па затоа не би сакал сега да повлекувам потег, рече американскиот претседател, но не сакаше да образложи што мисли со тоа .
„Мислам дека Русија и Саудиска Арабија во одреден момент ќе постигнат договор, во не толку далечна иднина, затоа што ова е многу полошо за Русија, многу полошо за Саудиска Арабија“, рече Трамп, додавајќи дека во последните денови имал одлични разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и рускиот претседател Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?