Примена на смртната казна во светот на највисоко ниво од 2015 година
Примената на смртната казна достигна највисоко ниво во светот од 2015 година, објави организацијата за човекови права Амнести интернешнл. Најмалку 1.
153 луѓе биле егзекутирани во 2023 година во 16 земји. Бројката е зголемена за 31 отсто во однос на претходната година кога беа извршени 883 смртни казни.
Повеќето егзекуции, речиси три четвртини од вкупниот број во светот, беа извршени во Иран.
Во таа земја во 2023 година биле погубени најмалку 853 лица, што е зголемување за 48 отсто во споредба со претходната година.
На второ место е Саудиска Арабија со 172 егзекуции, што претставува 15 отсто од вкупниот број во светот.
Сомалија и САД, исто така, забележаа зголемување на смртните казни минатата година на 38 и 24 соодветно.
Бројот на земји кои користат смртна казна падна на рекордно ниско ниво во 2023 година, откако земјите како Белорусија, Јапонија, Мјанмар и Јужен Судан не забележаа егзекуции.
Сепак, бројот на нови смртни казни ширум светот во 2023 година се зголеми за 20 проценти на 2. 428. Смртната казна е укината, законски или во пракса, од 144 земји.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени