Поротата почна со разгледување на судењето против Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни
Поротата задолжена во историското судење во Њујорк против поранешниот претседател Доналд Трамп за кривично дело поткуп на актерка во филмови за возрасни денеска почна со дискусии за тоа каква одлука да донесе.
Поротата се состои од просечни њујорчани, седум мажи и пет жени, и ќе разгледува 34 точки од обвинението за фалсификување документи на компанија подигнато против Трамп, е поврзано со прикривање на исплати за молчење на порно актерката Сторми Дениелс.
Обвинителите поминаа повеќе недели во обидите да докажат дека Трамп во неколку рати од по 35.000 долари свесно му исплатил на неговиот адвокат Мајкл Коен за услугата што овој ја направил со давање 130.000 долари на Дениелс, за таа да не објави дека имала врска со Трамп пред повеќе години. Ова се случувало на месец пред изборите во 2016 година.
Трамп отфрли дека знаел за исплатата што Коен ја направил и дека имал ад хок сексуална средба со Дениелс.
Според правилата, Трамп и адвокатите се очекува да останат во судницата додека поротата дискутира каква пресуда да донесе а во случај да има потреба од забелешки што таа може да ги испрати до адвокатите. Поротата денеска се состанува до 16:30 часот по источноамериканско време.
Одлуката за тоа дали Трамп е виновен или е невин може да се донесе и денеска до 16:30 часот, но нејзиното разгледување може и да потрае повеќе денови па и до крајот на идната недела.
Откако поротата ќе донесе одлука, судијата треба да одлучи за големината на казната и да ја изрече на одделно свикано рочиште.
Ново на Сител
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки
-
Институциите премолчуваат глорификација на терористи и прекршување на Законот за јазиците обвинува Левица
-
Комбе со мигранти се преврте на автопатот кај Бела Паланка, околу 50 повредени