Трамп: Американски функционери пристигнаа во Северна Кореја за да ја подготват средбата со Ким
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека американски тим пристигнал во Северна Кореја, за да ја подготви евентуалната средба меѓу него и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.
Американскиот Стејт департмент претходно соопшти дека американски и севернокорејски претставници се сретнале во селото Панминџон во демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја.
- Навистина верувам дека Северна Кореја има брилијантен потенцијал и ќе биде голема економска и финансиска држава еден ден. Ким Џонг-ун се согласува со мене за тоа. Тоа ќе се случи, напиша Трамп на Твитер.
Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека тимот за подготовка отишол во Сингапур каде што се очекува да се одржи средбата.
Јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин вчера рече дека со Ким се согласиле дека самитот меѓу Северна Кореја и САД треба да се одржи.
Трамп минатата недела соопшти дека се откажува од планираната средба со Ким, но потоа се предомисли.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов