Loading Video...
Свет
12. December 2024 - 12:24

Преглед на вестите од светот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска напладне ќе биде објавена целата документација што ја добило обвинителството во врска со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, со што, како што рече, ќе се исполни главното барање на студентите кои ги блокираат факултетите.

Околу 40 државни факултети на четири универзитети во Србија официјално се под блокада, а студентите им оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Нови Сад блокирајќи ги патиштата петнаесетина минути. На блокадите се приклучија и студентите на Бизнис школата во Нови Сад, Електронскиот во Ниш и Природно-математичкиот факултет во Крагуевац, а истото го најавија и студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад.

Додека Вучиќ зборуваше, стотици студенти кои се собраа пред неговата канцеларија во центарот на градот се потсмеваа и бараа негова оставка. Најмалку четири лица се ранети, меѓу кои и едно дете на возраст од околу 10 години, кое подоцна почина во болница во Ерусалим. Жртвите се од палестински напад врз израелски автобус на окупираниот Западен Брег и случи ноќта помеѓу средата и четвртокот, соопштија израелските служби за итни случаи.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили биле во потера по вооружениот напаѓач и дека поставиле блокади на патиштата и ја опколиле областа во близина на палестинскиот град Витлеем.
Насилството на Западниот Брег е во пораст пред избувнувањето на војната во Газа на 7 октомври минатата година.

Животот полека се враќа во Дамакс и Сирија. Традиционалниот пазар во Дамаск, ал-Хамидие, беше преполн со луѓе во средата. Трговците и сопствениците на продавници дека се задоволни што гледаат повеќе луѓе на пазарот и дека можеле слободно да тргуваат. 

Обновата на Сирија е колосална задача по граѓанската војна во која загинаа стотици илјади луѓе. Милиони бегалци сè уште живеат во кампови по едно од најголемите раселувања на модерното време.
Сиријците се и на турската граница за да се вратат дома откако бунтовниците го соборија претседателот Башар ал-Асад. Тие очекуваат подобар живот по она што беше за многу децениски тешкотии во Турција. Дел од луѓето очекуваат повторно да бидат во кругот на своите семејства. Во Турција има околу три милиони Сиријци, а Турција покрај граничниот премин Чилвегозу, кај Алепо отвори уште еден.
МАРЈАН НИКОВ