Преглед на вестите од свет
Ќе биде тешко, но ке ја обновиме Сирија. Време е сириксиот народ да се радува на стабилност и спкојство, исцрпен од граѓанската војна што траеше повеке од 13 години порача привремениот премиер на Сирија Мухамед Ал Башир. Во интевју за Ал Џезира ал Башир рече дека целата на новата влада е да врати милони сириски бегалци, да ги заштити сите граѓани и да обезбеди основни услуги, ни и се пожали дека економијата е уништена од меѓународните сакнции.
Израел продолжува со воздушните удари врз воени цели во Сирија, по падот на режимот на Башар ал Асад. . Нетењаху вели дека не сака да дозволи оружјето да падне во рацете на Исламска држава.
Ние немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Сирија; сепак, имаме намера да го направиме она што е неопходно за нашата безбедност. Одобрив воздушните сили да ги бомбардираат стратешките воени капацитети оставени од сириската војска за да не паднат во рацете на џихадистите (Исламска Држава), изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.
Пентагот пак соопшти дека американската војска ќе остане во Сирија а нивната мисија е целосно уништено на Исламска држава. Засега останува нејасно како новите власти на Сирија ќе го прифатат присуството на американска војска на територијата на земјата.
Германскиот канцелар Олаф Шолд во Бундестагот поднесе барање за гласање на доверба на неговата влада.Распрвата и гласањето во парламентот се планирани за понеделник. Доколку на гласањето,канцеларот не добие апсолутно мнозинство од 367 гласови, би ја загубил довербата. Според германски аналитичари,, Шолц ќе го изгуби гласањето, по што тој ке побара од претседтелот Штајнамер да го распушти парламентот и да распише предвмрени избори.
Властите на американската сојузна држава Калифорнија издадоа наредба за евакуација на околу 10 000 луѓе поради шумскиот пожар во Малибу, што беснее веќе трет ден. 8000 имоти се загрозени. Куќи во Малибу имаат и бројни холувдски звезди, меѓу кои и актерите Мел Гибсон. Џулија Робертс, како и пејачките Бијонце, Лејди Гага, Шер и Џеј Зи. Повеќе од 700 пожарникари се борат со огнеета стихија ,што брзо се шири поради силниот ветер. Се интеверрнира и од земја и од воздух.
Пожарот моментално се проценува на над 2.200 хектари. Причината за пожарот засега не е позната, но тој е под активна истрага од страна на пожарникарите на округот Лос Амџелес и инспекторите за подметнување пожари. Ентони К. МАроне, пожарникар на Лос Анџелес.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар