Трајановски: Општина Бутел ќе добие нова сообраќајна алтернатива
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски на денешната прес-конференција рече дека ќе продолжи пробивањето и изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и поврзување со скопската обиколница со што, како што додаде, општината Бутел ќе добие нова сообраќајна алтернатива.
- Овој проект е од исклучителна важност бидејќи со неговата целосна реализација ќе се добие нова сообраќајна алтернатива за повеќе од 100.000 граѓани. Со изградбата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ ќе се добие уште едно современо и модерно сообраќајно решение, со што значително ќе се подобри безбедноста и поврзаноста во овој дел во Скопје, рече Трајановски.
Втората фаза на проектот за пробивање на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“ до обиколницата, како што посочи, ќе чини околу 180 милиони денари или три милиони евра, а реализацијата ќе трае до 2020 година.
Трајановски се осврна и на останатите инфраструктурни проекти кои се предвидени во неговата изборна програма, а ќе се реализираат на територијата на општина Бутел.
Ново на Сител
-
Раководството на КМФМ заедно со двајцата медалисти од европското на прием кај градоначалникот на Аеродром
-
МВР објави оглас за вработување на 101 лице
-
Јаневска: Kомитите се дел од историјата на Македонијa, УЧК и нејзините симболи за оваа држава не значат ништo
-
Гвардиола: Сезоната е долга, имаме за што да се бориме
-
Нема да има публика на натпреварите од 17. и 18. коло во ПМФЛ
-
Поевтинуваат горивата
-
ЕХФ го казни Пелистер
-
Повеќе од 25 возила меѓу кои трудници и мали деца заглавени во Леуново | ФОТО