Македонија
21. December 2018 - 9:10

СВР Куманово апелира да не се употребуваат петарди

СВР Куманово апелира до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да не користат пиротехнички средства. Од кумановската полиција ги повикаа кумановци да соработуваат со полицијата и да пријават лица кои продаваат пиротехнички средства на полициските службеници или на бесплатниот телефонски број 192.
 
Посебен апел полицијата упатува до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејки појаснуваат оттаму, тие претставуваа опасност за нивното здравје, до родителите и старателите да имат поголема контрола над  малолетниците во врска со употребата на пиротехничките средства – петарди, не само поради санкциите врз основа на членот 34 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, за кој се изрекува глоба во износ од 200 до 500 евра, туку, пред се, поради опасноста што користејќи петарди  можат да  се самоповредат или повредат друго лице.
 
Како дел од превентивните мерки, СВР Куманово испрати и соопштенија до основните и средните училишта во градот во кои се укажува на опасностите од користење на пиротехнички средства.

Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници кога има појава на  продажба на пиротехнички средства  и употреба на пиротехнички средства-петарди од страна на граѓаните особено на малолетни лица СВР Куманово ги потсетува граѓаните (родителите, образовните институции и ученици) дека недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи е кривично дело и  се казнува со затвор oд една до десет години.

Исто така, неовластено пукање од огнено оружје, употреба на пиротехнички средства или сличен експлозивен материјал, е санкционирано како прекршок  за кој се изрекува глоба во износ од 200 до 500 евра.