Македонија
11. December 2024 - 16:50

Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени

Европската унија не е совршена, но таа е најдобро решение за Македонија и западен Балкан во геополитичкиот контекст со агресијата на Русија врз Украина. Отворениот прозорец мора веднаш да се искористи, порача специјалниот претставник  на ЕУ за западен Балкан Мирослав Лајчак.

Но, и покрај повиците, власта и опозцијата се уште со разлики за ЕУ интеграцијата. Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека постои голема фрустрираност од блокадите што ги добива Македонија од ЕУ.

Милошоски вели дека псотојат информации дека Брисел подготовува нов механизам – асоцијативно, наместо полноправно членство.

Опозцијата се обврзува на контруктивност, но и со критики за одредени постапки на власта.

Според правосудската фела, која најмногу е засегната од првиот кластер – владеење на правото за кој се дебатираше парламентот проблемот не е единствено кај судиите и обвинителите. 

Дебатата во Собранието беше организирана од Националната конвенција за ЕУ.