Силјановска Давкова ги критикуваше ДУИ за Уставниот суд
Чудна македонска приказна - претседателката Силјановска Давкова со критика за обивнувањата на ДУИ дека Уставниот суд носел еднонационални одлуки за законот за јазици. Таа не го оправда ни однесувањето на судиите Албанци кои не дојдоа на седницата и побара да се почитува мислењето на Венецијанската комисија.
Од ДУИ пак, и покрај вчерашната одлука на Судот да го одложи одлучувањето на законот за јазици напролет, побараа оставка од Претседателот на Судот. Интегративците на Ахмети сметаат дека Костадиновски не смеел да го коментира законот во неформален разговор со новинар дека решението е лошо, па поради и тоа таблата на Судот не е двојазична.
„Лице кое отворено изразува несогласување со законите во сила и применува двојни стандарди на толку важна позиција како Претседател на Уставниот суд, не може да биде достојно за да продолжи со должноста. Неговото однесување ја поткопува не само довербата на граѓаните во институциите, туку и основните принципи на демократијата и меѓуетничката еднаквост. Поради овие причини, ДУИ повикува на итна оставка на Претседателот на Уставниот суд“, реагираат од ДУИ.
Од албанскиот партнер во власта Вреди, пак, реплицираат на партијата на Ахмети.
Уставниот суд вчера ја одлложи расправата за Законот и најави подготвителна седница со експерти. Според најавите на Костадиновски, кон средината на март се очекуваат и т.н. нови „пријателски насоки“ од Венецијанската комисија. Дополнително, ќе се побара и претставник од ова меѓународно тело да присуствува на подготвиелната седница за законот за јазици. Се планира тогаш да бидат присутни и домашни експерти по уставно право.
Против Законот за употреба на јазиците се поднесени 13 инцијативи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар