ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
ДУИ нема да се откаже од стражата на јазикот и покрај тоа што шаторот пред Уставен денеска попладне остана празен. Од партијата велат ќе го наполнат тогаш кога судот ќе закаже нова седница
За разлика од ДУИ во коалицијата Вреди слават. Тоа што Уставен закажа подготвителна седница во коалицијата Вреди денеска го прогласија за победа
Во македонскиот политички блок и денеска повикуваат на смиреност. ВМРО-ДПМНЕ однесување на ДУИ го нарече политички циркус
Уставен суд да не потпаѓа под политички притисоци и да одлучува исклучиво согласно уставот, побараа денеска од СДСМ
„Остро ја осудуваме политизацијата и манипулациите со чувствителни прашања, кои имаат потенцијал да ја нарушат стабилноста на државата и да го предизвикуваат соживотот.
Оваа пракса на поттикнување тензии, како што видовме од некои политички актери, не придонесува за решавање на проблемите, туку напротив, ги продлабочува. Одговорноста за иднината на нашата држава е заедничка, и никој нема право да го злоупотребува Законот за употреба на јазиците за теснопартиски интереси“ – порачаа од СДСМ во писмено соопштение.
Со свој став вчера се јави и албанскиот премиер Рама. На конференција во организација на фондацијата Арбен Џафери во Тирана пред раководствата и на ДУИ и на коалициајта Вреди албанскиот премиер констатираше дека албанскиот јазик не бил работа на македонскиот уставен суд.
-
Алексадар Спасовски
Сите содржини од овој новинар