Македонија
27. April 2016 - 8:37

Средба во ССК за кинескиот пазар како потенцијал за македонските компании

Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) денеска организира средба на тема Кинескиот пазар – потенцијал за македонските компании“. 

На средбата ќе присуствуваат  Александар Зарков, оперативен директор на ССК,   Лиу Јингжи, втор секретар од Амбасадата на НР Кина во Македонија и официјалниот застапник на дегустациско изложбениот простор за Македонија, Словенија и Босна и Херцеговина во Нингбо, Томислав Сумич.

На средбата ќе се разговара за економската соработка помеѓу Република Македонија и НР Кина, можностите за зголемување на извозот на македонските производи во Кина како еден од најголемите пазари во светот, и конкретни иницијативи и активности од страна на ССК кои ќе се преземат во наредниот период.