Србов: Ловејќи албански гласови, Заев директно ја поткопува државноста на Република Македонија
„Ова е чисто уривање на рамковниот договор. Господинот Зоран Заев е свесен дека со самото тоа што сака од СДСМ да направи албанска партија, тоа се коси со одредбите од рамковниот договор“, изјави за ТВ Нова аналитичарот Никола Србов.
Србов вели дека Заев сака да биде поголем Албанец од Албанците и отвора прашања кои подоцна можат да ни создадат многу големи проблеми во државата, кои Албанците воопшто не ни помислиле да ги отворат.
„Знаат дека не е изводливо во овој момент да се поставуваат такви прашања токму поради рамката која ја добивме со војната од 2001 година и со тој Рамковен договор и во тој момент се пронаоѓа Зоран Заев да ги отвори овие прашања и да ја крене цената на албанските барања кога ќе се создава идната влада на Република Македонија“, рече Србов.
„Директно ја поткопува државноста на Република Македонија со ваквите изјави и со ваквиот тип на политика, ловејќи албански гласови. Уставот и државноста се поткопани од страна на господинот Зоран Заев“, заклучи Србов.
Ново на Сител
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година