Македонија
27. December 2024 - 16:39
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
По препукувањата меѓу Град Скопје и Комората на музичката индустрија за тоа кој треба да ги исплати парите на музичките уметници кои лани одржаа концерт на Плоштад Македонија, локалната власт ја објави агендата за овогодишената Нова Година. Нокаут, Сара Мејс, Ареа и Љубојна ќе настапат на бината, која се мести уште денеска. Работниците се на терен и привршуваат со подготовките.
Нова Година, желбите на граѓаните се скромни како и ланската. Но, ретко кој од оние кои ги прашавме имаат план кога ќе чукнат стрелките на часовникот ќе бидат на Плоштад македонија.
И додека се подготвува теренот за овогодинешната програма за скопјани, пејачите кои лани одржаа концерт, а не добија пари, околу 50 лица – правдата ќе ја бараат на суд.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->