СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Цвета Ристовска поради судир на интереси. Според опозицијата недозволиво е токму таа да го води предметот во кој е оспоредна дипломата на директорот на АНБ од истиот универзитет каде Ристовска фигурира прво како дел од наставниот кадар, а потоа и како асистентка. Покрај ова СДСМ бара повлекување и преиспитување на нејзината одлука дека нема ништо спорно во назначувањето на Бојан Христовски.
Фактите кои ги објавија медиумите и се целосно достапни за јавноста се крајно загрижувачки. Тие ја разнишуваат довербата во ДКСК и ја компромитираат нејзината независност и објективност при одлучувањето. Алармантно е откритието дека членката на ДКСК, која беше задолжена за овој случај и реферираше дека „сè е во ред“ со дипломата на Христовски, истовремено е предавач на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје – институцијата која ја издала спорната диплома. Воопшто не е важо дали е платена за тоа или не. Со пријава до ДКСК оспорена е диплома од Универзитетот на кој Ристовска била професорка во време кога Христовски дипломирал во рок од една година, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Од комисијата пак изминатите денови тврдеа дека нема никаков судир на интереси бидејќи Ристовска нема поврзаност ниту договор за финансиски надомест со Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, туку била само гостин предавач.
ДКСК во вторникот го затвори предметот за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ, откако Рисотвска утврди дека не е спорна неговата универзитетска диплома која е потврдена од државниот просветен инспекторат, а неговиот сертификат за познавање англиски јазик кој предизвика бројни реакции во јавноста е валиден, но се огради од неговата веродостојност која треба да ја утврдат јавните обвинители.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар