Состанок на Националната платформа за интеграција на Ромите
Состанок на Националната Платформа за интеграција на Ромите во Република Северна Македонија се одржа денеска во Владата, чија цел е да ги собере претставниците од јавните институции, претставниците од граѓанските организации, како и партнерите на едно место за да се разговара на тема интеграција на оваа етничка заедница во земјата.
Како клучни теми на состанокот, како што соопшти кабинетот на министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам, биле избрани вработувањето и домувањето на Ромите во Република Северна Македонија.
-Оваа Влада продолжува да го препознава процесот на интеграција на Ромите како важен приоритет во својата агенда. Ова особено можам да го потврдам со издвојувањето на дополнителни седум милиони денари од ребалансот на буџетот за 2019 година наменети за изградба на трајни живеалишта за Ромите, рече Бајрам.
Претседателот на Ромската канцеларија за соработка од Белград, Србија, Орхан Усеин, ја поздравил заложбата на Владата на Република Северна Македонија и изразил задоволство што работите почнале да се трнуваат од мртва точка.
На овој состанок на тема вработување свое обраќање имаа и Вељка Јуран – претставничка од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Сузана Ахмети од УНДП-Ацедер Програма, Мирјанка Алексевска од Министерството за труд и социјална политика, како и Надире Шаќири и Алберт Мемети како претставници од граѓанскиот сектор.
На тема домување свои говори имаа Мабера Камбери-раководител на Сектор за техничка поддршка на министерката Царовска, Лила Алчева од Хабитат, Нафи Сарачини од Делегација на ЕУ Канцеларијата во Скопје како и Ферди Исмаили од РОМАКТЕД.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот
-
Не само во Челопек министерката Јанева најави вонредни инспекции и во други училишта каде деца носеле симболи на УЧК
-
Струјата нема да поскапи повеќе од 1%, еден час плус дневна евтина тарифа засега ќе нема
-
Словенија бара 5.000 работници од Македонија
-
Постапка за Екс директор