Македонија
3. December 2024 - 18:05

ДУИ поднесе 4 интерпелации

ДУИ бара Собранието да ја тестира довербата на Тошковски, неговиот заменик и уште двајца вицепремиери. 4 интерпелации интегративците мислат дека ќе бидат доволно за да се утврди одговорноста за дивеењето на денот на прославата на албанското знаме но и пожарите во Куманово.

Покрај двоецот oд МВР на мета на ДУИ се и вицепремиерите Меџити и Стоиљковиќ

Од Мала Речица бараат и  собраниска седница на која Тошковски пред пратениците би реферирал за безбедносната состојба и постапувањето на полицијата

Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека интерпелациите се одраз на стравот и паниката кои владеат во ДУИ. 

Во СДСМ и натаму стојат на ставот за лидерска средба на сите парламентарни партии, позиција која не поминува во ВМРО-ДПМНЕ ниту пак во ДУИ кои би седнале на иста маса но не со сите лидери.