Слободни 6.200 работни места во третиот квартал
Во третото тримесечие од годинава во Македонија слободни се 6.200 работни места. Најголемиот дел се во преработувачката индустрија, 2.134 и во трговијата на големо 1.033. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, бројот на пополнети работни места во земјава изнесува 481.196.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Административни и помошни услужни дејности 1.729, каде стапката на слободни работни места изнесува 2,72 проценти, а најмала во секторот Снабдување со вода, отстранување отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината, кај кои изнесува 0,21 проценти.
Најголем број слободни места има во претпријатијата кои имаат меѓу 10 и 49 вработени, 1890. Во оние од 50 до 249 вработени има 1.592 слободни работни места, кај големи со над 250 вработени има 1.733 места и кај малите од 3 до 9 вработени има 985 слободни работни места.
Според региони, во Скопскиот има 2.799 слолбодни работни места, во Вардарскиот 614, Источниот 457, Југозападниот 340, Југоисточниот 747, Пелагонискиот 909, Полошкиот 120, Североисточниот 215 слободни работни места.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола