Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
Град Скопје упаднал во фејсбук страната и електронската пошта на ЗОО Скопје и си го напишале соопштението дека инспектори на АХВ без доказ убиле птици кои се шетале во зоолошката, тврдат вработените во оваа установа, кои преку СОНК испратија демант во јавноста.
„Последниот инцидент, со упад на нашата facebook страна и нашата електронска пошта, преку која е испратено соопштението, но и видеата и сликите со вознемирувачка содржина кои се пуштени во медиуми и на социјални мрежи, без согласност на лицата кои се појавуваат во материјалот ја прелеа чапата, за што вработените ќе преземат законски мерки против лицата кои го снимаа и го објавија материалот. Напоменуваме дека вработени во ЗОО Скопје, како врвни професионалци се оградуваат од сите соопштенија кои се испратени во нивно име и споделени со јавноста.“, стои во демантот на членовите на СОК - вработени во ЗОО Скопје.
Меѓу другото, во демантот се наведува дека инспекторите од АХВ постапиле согласно закон со соодветна документација.
И додека траат внатрешните препукувања во зоолошка, денеска на преглед во Институтот во јавно здравје побарала да се тестира жена која минатата недела ја посетила Зоолошката.
Негативни се и тестовите на двајцата вработени кај кои постоеше сомнеж дека се заразенни со птичји грип. Зоолошката во Скопје ќе остане затворена уште 20-тина дена, откако во петокот беше откриено присуството на птичјиот грип.
Веднаш беа убиени птиците кои биле во езерцето заедно со гуската, а во моментов се следи состојбата кај останатите животни во установата.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар