Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
По примерот на Детската клиника која поведе постапка против двајца специјалисти за случајот со починатото 14-месечно бебе, така треба да постапи и Клиниката Козле, порача министерот за здравство. Тој е сигурен дека има лекарски пропусти за време на третманот и најави дека ќе ја информира и лекарската комора.
-Ние ги разгледавме со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одредени лекарски пропусти ,изјави Арбен Таравари, министер за здравство.
Поради смртта на 14 месечното девојче од Гошинце, минатата недела директорот на Детската клиника донесе решение за времено отстранување од работа и дисциплинска постапка за двајца лекари специјалисти кои на 3 октомври биле на смена и според стручната комисија формирана од министерството направиле превид во проценката за хоспитлизација и детето не го задржале на болничко лекување. Од Клиниката Козле пак негираат вина во нивните постапки иако од Комисијата и кај нив лоцираа системски, технички и стручни пропусти.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар