Инфлацијата во светот е ставена под контрола
Растечкиот долг, нискиот раст, неизвесноста од ефектот на конфликтите но и тензијата околу исходот од изборите во САД. Сето ова фрла сенка на инаку добрата вест дека инфлацијата во светот е ставена под контрола. Меѓународниот монетарен фонд ја објави годишната прогноза која покажува дека на светско ниво растот се очекува да биде 3.2 проценти за оваа како и за 2025та година. Во Европа се очекува понизок раст од 1.7 проценти и оваа и следната година.
Сепак очекувањата се дека зголемените цени од пандемијата и војната во Украина ќе останат уште долго а дополнително ќе се зголемуваат цените на услугите.
Меѓународниот моментарен фонд препорачува постепено намалување на референтата каматна стапка за да се постигне повисоко ниво на раст наспроти потребата владите да ја зауздаат фискалната политика.
Од денеска па во следните денови до крајот на неделата Вашингтон е домаќин на околу 10.000 учсници од 191 земја членка на ММФ. Најавено е учеството и на министерката за афинансии од Макеоднија Гордана Димитриевска Кочовска како и на гувернерката Анита Ангеловска Бежовска.
-
Славица Арсова
Сите содржини од овој новинар