Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
На стартот на грејната сезона Македонија повторно доби етикета за земја со високо загаден воздух .Според сајтот кој на светско ниво , мери загаденост во реално време, во Скопје напладне беше екстремно загадено, а нивото многу нездраво.
Со вакви резултати граѓаните ќе можат да тужат дека им е загрозено здравјето како човеково право, пред Управниот суд , откако врховните судии донесоа ваков став. Државата е должна да обезбеди здрава животна средина, а непреземањето дејствија е повреда на правата на граѓаните, стои во донесениот став на Врховен.
Во постапка граѓаните ќе можат да побараат надлежните органи да ги донесат сите потребни документи од Законот за квалитет на амбиенталниот воздух. Доколку Управниот суд одговори негативно на тужба од граѓаните, тие ќе можат да се жалат и до Европскиот суд за човекови права.
Активистите за чист воздух велат дека ваквата состојба не изненадува. Ако не бидат преземени конкретни мерки, Македонија и годинава високо ќе котира на листата најзагадени држави во светот.
Според последните истражувања на Универзитетот Гоце Делчев од Штип спроведени од март лани до април годинава , во Гостивар, Кавадарци, Куманово, Струмица, Струга веќе е утврдено дека согорувањето на дрвата за огрев, зголемениот сообраќај се главните извори на загадување на воздухот.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар