Скот: Сите во Флорида да бидат подготвени за евакуација
Гувернерот на Флорида, Рик Скот изјави дека сите 20 милиони жители на американската сојузна држава треба да бидат подготвени за евакуација и ги повика граѓаните долж Заливскиот Брег на Флорида веднаш да се евакуираат, бидејќи курсот на ураганот Ирма благо се придвижува кон запад.
- Нема да преживеете ако дојде до удар, Сега е време да се евакуирате, изјави Скот во Ли Каунти, југозападна Флорида.
Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер истакна дека допрва ќе одлучи дали ќе нареди евакуација на населението поради Ирма, бидејќи чека на информации од Националниот центар за урагани.
Претходно, шефот на американската Федерална агенција за управување со вонредни ситуации (ФЕМА) Брок Лонг изјави дека американските власти подготвуваат опсежни мерки за реакција на ураганот Ирма.
- Ураганот Ирма продолжува да биде закана, која ќе ја опустоши Флорида или некоја од јужните држави, посочи Лонг.
Тој предупреди дека некои делови од Флорида би можеле со денови да останат без електрична енергија, а можеби и подолго, како и дека на повеќе од 100.000 луѓе најверојатно ќе им треба засолниште.
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ