Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
Оценувањето на уставноста на законот за јазици ќе почека до мај следната година. Уставните судии одлучија дека прво треба да се оддржи подготвителна седница во март па потоа да се носи конечна одлука. Судиите со пет гласа за и еден против одлучија да се повикааат домашни експерти за мислење, а ќе се бара и пријателско мислење од Венецијанската Комисија.Претседателот Дарко Костадиновски, обвини за притисоци, закани и политичко насилие врз Уставниот суд.
Костадиновски испрати порака и до политичарите - денешната одлука на Уставниот суд да небиде сфатена како слабост или подлегнување под некој притисок.Ниту се укинува јазикот ниту нечие право дециден е првиот човек на Уставен. Вели сензитивноста за овој предмет секогаш ќе предизвикува големо внимание, но одлука ќе биде донесена.
Како што и претходно најавија, седницата ја бојкотираа судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари, а откако не беше прифатено барањето оваа точка да биде тргната од дневен ред, салата ја напушти и судијата Фатмир Скендер.
Законот за употреба на јазиците кој стапи на сила во 2019-та оспорен е со 13 иницијативи пред Уставниот суд.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар