Русија: Го префрливме Асад на најбезбеден начин
– Русија го префрлила Башар ал Асад, соборен од молскавична офанзива на бунтовниците од позицијата претседател на Сирија, на „најбезбеден начин“, изјави заменик-министерот за надворешни работи на таа држава, Сергеј Рјабков во интервју емитувано за Ен-Би-Си.
Кремљ во понеделникот објави дека претседателот Владимир Путин одлучил да му даде азил на Асад во Русија.
„Тој е обезбеден и тоа покажува дека Русија се однесува како што треба во вонредна ситуација“, изјави Рјабков за американскиот медиум.
Тој додаде дека нема да елаборира „што се случило и како е тоа решено“.
На прашањето дали Русија ќе го предаде Асад на судење, Рјабков рече дека Русија не е страна на конвенцијата со која е основан Меѓународниот кривичен суд.
Рјабков додаде дека Русија „дефинитивно ќе биде подготвена да размисли“ за нова размена на затвореници, слична на онаа во август во која беше вклучен новинарот на Волстрит џурнал, Еван Гершкович.
„Нов договор би бил здрав чекор напред, особено на почетокот на следната администрација“, изјави Рјабков за Ен-Би-Си, додавајќи дека не би сакал ништо да прејудицира.
Ново на Сител
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар
-
Извртен камион го затвори автопатот од Демир Капија до Смоквица
-
Студентски протести во Белград, Ниш и Нови Сад