Македонија
27. August 2020 - 18:48

Скината водоводната цевка на Бул. „8 Септември”, надлежните работат на санирање на дефектот

Поради санирање на уличен дефект прекинато водоснабдување од доцна попладнево имаат  корисниците од Бул.8-ми Септември, Руѓер Бошковиќ и Веселин Маслеша, а со намален притисок ул.Бранислав Нушиќ и Шекспиров.

Вработени од Фирмата Бег при изведување своите работни задачи денеска на Бул. „8 Септемвр”, предизвикале уличен дефект со водоснадувањето. Како што инфомираат од ЈП „Водоводод и Канализација”, во овој случај е скината водоводната цевка.

– Прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Бул.8-ми Септември,Руѓер Бошковиќ и Веселин Маслеша, а со намален притисок ул.Бранислав Нушиќ и Шекспирова од 17:20 часот до санирање на дефектот, информираат од ЈП „Водовод и Канализација”.