Балкан
25. November 2016 - 9:12

Сириски активисти тврдат дека тројцата турски војници се убиени при напад на ИД

Тројцата турски војници кои загинаа вчера во северна Сирија, биле убиени при бомбашки напад на припадници на групата Исламска држава (ИД), соопштија синоќа сириски опозициски активисти.

Вчера турската Армија информираше дека вијниците биле убиени при воздушен напад на сириските владини сили.

Според агенцијата Анадолија, нападот бил извршен близу градот Ал Баб, кој сириските опозициски сили се обидуваат да го преземат од ИД, со поддршка на турската војска. 

При истиот напад се ранети уште други десет војници.