Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
Вицепремиерот Меџити на Уставен му порача да не паѓа на политички влијанија при носење на одлуките, туку да се занимава со аспектите на граѓанските, човекови права и слободи.
Денот на албанската азбука, според Меџити се одбележува во време на жестока дебата за употреба на јазиците. Премиерот од Свечената седница на владата, порача дека Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето.
Aхмети испрати порака од Швајцарија, дека славел ден на албанскиот јазик, а не само азбуката.
„До вчера работевме на унапредување на употребата на нашиот јазик, а денес сме во позиција да го штитиме постигнатото“, стои во честитката на ДУИ.
Денот на албанската азбука го чеситаше и министерот за односи со меѓу заедниците.
„Потсетник дека РС Македонија и понатаму, и покрај фактот што живееме во едно комплексно време, останува пример за заедништво, почитување и заемно разбирање меѓу граѓаните, па затоа чествувајќи го Денот на албанската азбука уште еднаш ја потврдуваме посветеноста кон негувањето на соживотот во мултиетничкото и мултијазичното општество, стои во честитката на Стоилковиќ“.
Честитки испратија и претседателката, собранискиот спикер Гаши, како и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Денеска се одбележуваат 116 години од Битолскиот конгрес, на кој албански научници во 1908-тата ја создале албанската азбука.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар