ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ денеска побаараа јавно извинување од Апасиев за вчерашните пцовки што тој ги упатил до пратеничката група во инцидентот во собраниската сала поради несогласување и процедурални забелешки за пратеничко прашање упатено до премиерот Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Апасиев ги навредил сите жени.
„Собранието е место кадешто демократски се дебатира, а не е место за удирање со чевли по говорница или пак за упатување недолични зборови кон жените. Барам јавно извинување од колегите од Левица за вчерашното однесување и за зборовите изустени и упатени кон нечија мајка, сопруга, ќерка, девојка. Колеги од Левица, и вие сте нечии синови, сопрузи, татковци, момчиња., внимавајте што ви излегува од уста!
Од партијата на Апасиев, иако велат дека нивото на комуникација во Собранието треба да биде на повисоко ниво, сепак не чувствуваат потреба за извинување. Напротив, сметаат дека Апасиев изреагирал соодветно бидејќи со пцовски била навредена неговата сестра.
„Еве, јас ќе ѝ се извинам на колешката... „Извините што Зоранчо Јованчев стана познат единствено како пцујач во Собранието, затоа што во ДВА МАНДАТИ како пратеник одвај 10 пати излегол на говорница“, напиша пратеничката Мојосовска на Фејсбук.
Левица денеска поднесе и интерепалција за Илире Даути од Европскиот фронт затоа што како претседателка на Комисијата за труд и социјална политика го блокирала законто за бранителите на СДСМ.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар