Шаќири: Очекувам до октомври и ноември да се испечатени учебниците
Очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници за основно и средно образование, да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Тој во изјава за медиумите во Битола предочи дека проблемот со учебниците е од порано и не само во оваа учебна година.
-Проблемот со учебниците не е само од оваа учебна година. Ние во претходната учебна година почнавме со нов концепт за основно образование и со нови учебни програми. Тој концепт минатата година беше само за прво и четврто одделение. Во прво одделение имавме материјали кои претходната година ги изработи Бирото за развој на образование, а за четврто одделение имавме печатени и дигитални материјали. Кога почнав да ја вршам функцијата министер, граѓаните бараа беа печатените учебници да се вратат во процесот. Јас ја поддржав дигитализацијата но исто така реков дека ќе ги вратиме и печатените учебници, а за да тоа се случи потребно беше да се формира национална Комисија која треба да го има пред вид Законот за учебници. Комисијата веќе има одобрени учебници, завршуваме со процесот на жалби за економски оператор, а по затворање на овој процес и одобрување на учебници, очекувам во месеците октомври и ноември, сите процеси за сите учебници да завршат во националната Комисија но и во процесот на печатење, истакна министерот Шаќири и додаде дека проблемот за учебници не е само за основното, туку и во средното образование.
Министерот Шаќири за време на посетата на Ректоратот при УКЛО-Битола најави формирање на Совет кој ќе ги решава проблемите со учебниците.
-Мислам дека во најбрзо време ќе формираме Совет за целиот проблем кој не е проблем само за оваа учебна година, и тој мора конечно да се реши за цело основно и средно образование. Со формирањето на Советот ќе се координираат сите активности бидејќи се не зависи од МОН туку и од други институции, посочи министерот Шаќири.
Ново на Сител
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации
-
Преглед на вестите од светот
-
Претседателката на Судски совет, Весна Дамева, си поднесе неотповиклива оставка
-
Запален објект и три автомобили во Куманово,албанската опозиција ја повика меѓународната заедница да реагира
-
Верските лидери со заеднички апел до граѓаните за смиреност и соживот