Се очекува невреме ноќеска, еве ја новата прогноза на УХМР
Најтопло со 40 измерени степени денеска било во Гевелија. Според мерењата на УХМР во Демир Капија температурата достигнала до 39 степени, Струмица 37, Виница, Битола и Скопје 36, Штип и Прилеп, 34 Скопје - Петровец, Тополчани, Претор, Тетово и Охрид, 33 во Берово, 32 во Крива Паланка и Пожаране до 30 степени во Маврово, Лазарополе и Ѓуриште.
Времето ќе се задржи до крајот на денот сончево и топло во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северoзападен ветер, кој вдолж Повадарието и источните делови ќе се засилува. Ув индексот изнесува 9.
Во текот на ноќта времето ќе биде ведро и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне, а особено кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, претежно во источните и јужните делови. Ќе дува умерен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8 Минималната температура од 11 до 20, а максималната ќе се движи од 27 до 35 степени.
Во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.Температурите ќе се движат од 17 до 32 степена.
Од утре попладне, преку ноќта и за време на викендов ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и повремено засилен северен ветер, претежно во источните и јужните делови од земјава. Дневните температури ќе бидат во опаѓање и во недела и понеделник ќе биде најсвежо со температура која ќе биде под 30-от степен.
Ново на Сител
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа
-
Антивладин протест во Кишињев
-
Еден загинат во напад на руски дрон во близина на Киев
-
Германија во пресрет на утрешните избори без јасен фаворит кој сам би формирал влада
-
Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија: По осум години ставен е во функција линеарниот акцелератор
-
Уапсен прилепчанец баран по потерница
-
Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово
-
Од утре пораст на температурите и услови за слаб локален дожд