Loading Video...
Македонија
22. February 2025 - 15:57

Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп

Направивме многу отстапки а се соочивме со двојните стандарди на Европа. Вака премиерот кој се обрати на конференција на конзервативната политичка акција во Вашингтон објасни зошто бил еден од ретките европски лидери кои аплаудираа на говорот на американскиот потпретседател Венс кој остро ја критикуваше Европа токму за двојните стандарди. 

Мицкоски зборувајќи за Македонија рече дека е порта на Европа и дека во неа живеат луѓе кои негуваат традиционални и семејни вредности за какви што се залага администрацијата на Трамп, поради што како што рече, новиот американски претседател е многу популарен кај Македонците во земјава но и во дијаспората. 

Премиерот потенцираше дека Македонија е еден од најголемите контрибутори во НАТО по глава на жител и дека е на линија на политиките на Трамп за финансирањето на алијансата но и во борбата со илегалната миграција. 

Премиерот ја отвори можноста и за американски инвестиции во енергетскиот сектор на Македонија, велејќи дека во тек е изградба на гасоводен интерконектор со Грција, кој ќе овозможи транспорт на американски гас кон пазарот на југоисточна Европа, како одговор на експанзијата на кинеската економија во регионот.

Со панелот на Мискоски на конференцијата на конзервативците, каде свое обраќање ќе има и Трамп завршува повеќдневната посета на македонската делегација на САД. Мицкоски имаше свое обраќање и на панелот на Атланскиот совет а оствари и средба и со американскиот заменик помошник секретар за Западен Балкан Александар Касаноф.