Македонија
22. February 2025 - 12:25

Пронајдени телефони кај четири осуденици од Идризово

На 21.02.2025 во 20.00 часот во СВР Скопје,  од  Казнено - поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека на влез во установата, при претрес кај осудениците Н.А., Х.A., Л.И. и Ј.П. биле пронајдени пари и мобилни телефони, соопшти МВР.

Додека, при извршен преглед во возилото со кое пристигнале, биле пронајдени марихуана и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.