Македонија
18. January 2024 - 20:29

СДСМ потврди дека имало средба Заев, Ковачевски и Ахмети - деталите не се соопштуваат

Денеска во Скопје средба на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев, со актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, и лидерот на ДУИ Али Ахмети. 

Средбата за Сител ја потврдија од СДСМ, но не откриваат за што се разговарало.

Според информациите, извесно е дека на повеќечасовната средба е разговарано за европскиот фронт и за настатоп на партиите на претседателските и парламентарните избори.