Македонија
12. October 2024 - 16:41

Премиерот ќе бара мислење и од Венецијанската комисија за новиот закон за правична застапеност

Вреди најави дека многу брзо стручната јавност ќе го види текстот на новиот закон за правична застапеност. Министерот Таравари вели со новиот закон ќе бидат опфатени сите маргинализирани групи граѓани. Таравари оцени дека балансерот не ја исполнил својата цел и најави дека новиот текст на законот ќе биде во координација со владините коалиционери.

Премиерот потврди дека разговарале во рамки на коалицијата но за новото законско решение но смета дека не треба да се носи избрзано. Мицкоски најави дека текстот кој ќе го усогласат ќе биде испратен на мислење во венецијанската комисија пред да се гласа во парламентот.

По реакциите на ДУИ за балансерот, Мицкоски вели дека е нејасно како може партијата да даде поддршка за укинување на алатката од позиција на власт а сега во опозиција да негира и критикува. По најавите од ДУИ дека ќе излезат на протести, премиерот не смета дека има реална причина за страв но потврди дека има обид за дестабилизација на државата.

Укинувањето на алатката балансер за вработување во администрацијата по етнички клуч, од ДУИ го оценија како удар врз уставот на државата. Од партијата на Ахмети вчера негираа дека дале поддршка на владината декларација за реформи во администрацијата  која е донесена лани во нивниот мандат а со која се предвидува укинувањето на балансерот.