Македонија
12. October 2024 - 16:43

Темелно ќе се работи на проблемот да се задржат младите

Сезоната заврши а проблемите во главниот туристички центар останаа. Добрите познавачи од областа на туризмот сметаат дека потребно е темелно решавање на овој стравичен проблем со иселувањето на младите и задржување на стручниот кадар во нашата земја.

Во прашање е доведен и конгресниот туризам кој овој период од годината е најактуелен бидејќи обучениот кадар од угостителството и од туризмот ја напушта земјава, па домашните хотелиери и угостители се обидуваат  преку увоз на работници од странство и со средношколци да ги пополнат работните места.

Не само во нашата земја туку и во целиот регион состојбата е слична па многу често сопствениците на ресторани и хотели поради немање на кадар ставаат клуч на врата.

Повисоките плати во странство се причина дел од кадарот да заминува на работа надвор од земјава.
За хотелите е загрижувачко што имаат недостиг од обучен кадар главно готвачи и келнери, што  влијае во квалитетот на услугата бидејќи се принудени да вработуваат  кадар кој не може да одговори најквалитетно на потребите на гостите што пак влијае на опаѓање на нивото на услугата.