Македонија
11. October 2024 - 16:34

Силјановска Давкова: Не смееме да дозволиме истористи ревизионизам

Нас никој не не ослободи, нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа. Ова е пораката на претседателката на државата Сиљановска Давкова по повод 11 октомври, денот на народното востание. На свечена академија во музејот на макеоднската борба за самостојност, пред речиси целиот државен врв, дипломатскиот кор и претставниците на верските заедници, Сиљановска Давкова истакна дека денешните генерации не смеат да дозволат да се заборави жртвата на илјадниците макеоднци кои го дале својот живот за своја независна и самостојна држава.

„Не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена макеоднската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме“, рече Силјановска Давкова, Претседател.

Својот говор, претседателката го посвети на државната химна. Првпат испеана пред 83години, а како што рече Силјановска Давкова, и денес се пее во сегашно време, за да ја потсетува секоја генерација дека треба да се бори за слободата и правдата. Порача дека најголема одговорност во заштита на националните интереси носат политичарите.. Смета дека тие кои ја добиле довербата од граѓаните треба да застанат на браникот на државните интереси.

„Смислата за постоењето на секоја држава е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот кој ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата неминовно ќе престане да се грижи и за самата држава. Притоа, кога зборуваме за слобода не мислимие само на политичката слобода од окупатор, таа е минато. Туку, и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки. Туку, само со сопственото знаење способност и компетенција“, вели Силјановска Давкова.

Претседателката потсети дека примената на правдата не подразбира само правосудство, туку социјалната, економска и генерациската правда. За нивно исполнување, вели потребно е владеењето на правото, а не не владеењето на луѓето.

„Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува. Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија“, вели Силјановска Давкова.

Според Силјановска Давкова, само носењето храбри одлуки може да ги надминат премрежјата со кои се соочуваат денешните генерации. Смета дека за просперитет на државата, потребна е сплотеност и надминување на поделбите.