Заедничка алпинистичка вежба на полициската „ЕБР“ и армиските „Волци“
Повреден алпинист на карпите во демиркаписката клисура. Заедничка спасувачка мисија на полициската Единица за брзо распоредување и армиските Волци, како дел од показна алпинистичка вежба на непристапен терен
Дел од спасувачите пристигннаа со хеликоптер.
Повреденото лице со помош на еден од специјалците беше закачена на спасувачко јаже. Транспортиран до точката кој е безбедна за хеликоптерот да може да го преземе, па да го префрли во болница за пружање на потребната здравствена помош.
Инструкторите од армиските Волци на овој начин ги обучуваа своите помлади колеги во единицата, но и колегите од полицијата чија задача во иднина ќе биде спасуваат повредени луѓе на тешко пристапни терени.
-Заедничката алпинистичка вежба на полициската Единица за брзо распоредување и армиските Волци има за цел да ја продлабочи соработката меѓу безбедносните служби, но и да даде побрз одговор во иднина во случаи кога граѓани ќе останат повредени на непристапен терен.
Планот на надлежните е во иднина да се прават уште повеќе вакви вежби кои ќе ги доближи специјалните единици од полицијата и од Армијата.
-Она што мене најмногу ме радува е тимската работа. Заеднички се подобруваат, заеднички во секоја акција и секогаш први, вели министерот за одбрана Владо Мисајловски.
-Со ваква заедничка акција, ги имало претходно ќе ги има и во иднина, го зајакнуваме духот, ги зајакнуваме сите оние капацитети кои треба да бидат зајакнати од аспект на физичка спремност, тактичка подготвеност и сето она што значи специјално делување на нашите најелитни единици, вели министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Дел од учесниците на денешната вежба се токму луѓето кои помагаат секогаш кога е потребно да се вклучи и медикоптерот за транспортирање луѓе до здравствени установи, како во земјава, така и надвор.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар