Македонија
12. October 2024 - 9:16

Мисајловски и Тошковски на показна алпинистичка вежба на ЕБР

Министрите за одбрана и за внатрешни работи, Владо Мисајловски и Панче Тошковски, денеска ќе ги посетат припадниците на Баталјонот за специјални сили и Единицата за брзо распоредување кои заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, со Мисајловски и Тошковски ќе присуствуваат и началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.