Македонија
6. December 2024 - 12:22

СДСМ: Новогодишната кошничка без ефект

Политиките на владата на Мицкоски со договарање цени за т.н. „новогодишна кошничка“ нема да имаат посакуван ефект и нема реално да ги намалат високите цени, сметаат во СДСМ.

„На дел од производите кои се објавија во оваа кошничка во изминатите донови цените им се зголемија, особено на млечните производи. Таков простор за покачување на цените имаат трговците и наредните денови до 15 декември. Така да ако потоа се намалат на истото ниво тоа не значи повеќе пари за граѓаните, туку класична манипулација а ефектот за џебот на народот е нула. Понатаму, на граѓаните им се потребни мерки за трајно намалување на трошоците а не само на краток период. “ – се вели во соопштението на СДСМ во кое се апелира до Владата да ја укине ДДВ стапката на храната

Дополнитено, мерката има системски пропуст, власта нема механизам ниту за контрола ниту за казнување доколку не се почитува договореното.