САД: Референдумот во Каталонија е внатрешно прашање на Шпанија
Одржување на референдум за независнот на Каталонија е внатрешна работа на Шпанија, изјави портпаролката на Стејт департментот Хедер Нојерт.
- Мислам дека тој референдум, од гледна точка на САД е внатрешно прашање. Ние нема да се мешаме во тоа внатрешно прашање и ќе оставима Владата и граѓаните сами да одлучат. Ние ќе соработуваме со која било влада или структура што би произлегла од референдумот, истакна Нојерт.
Таа одби да ги коментира мерките на шпанската Влада за попречување на референдумот за независнот на Каталонија, посочувајчи дека не располага со доволно информации за тоа прашање.
За официјален Мадрид двата сепаратистички закона усвоени од Парламентот на Каталонија и самиот референдум, се незаконски. Шпанските власти тврдат дека нема да се одржи референдуми и оти ќе има последици за каталонските власти, ако учествуваат во негова организација.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство