МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
МВР ќе проверува околу 500 сегашни и поранешни функционери околу валидноста на документите кои ги поднеле пред да стапат на функција. Министерот Тошковски, конкретно не одговори дали и кога ќе се проверува валидноста на сертификатот по анлиски јазик на шефот на тајната полиција, Бојан Христовски, но најави дека МВР ќе постапува неселективно и во согласност на надлежностите.
Минатата недела обвинителството отвори предмет за новоназначениот директор на АНБ, Христовски, но отаму засега не можат да споделуваат информации по што досега е постапено.
Покрај Обвинителството и Антикорупциска по анонимна пријава отвори предмет со кој ќе истражува дали Христовски ги исполнувал условите да биде именуван за директор на АНБ.
Од опозициската СДСМ речиси секојдневно бараат разрешување на Христовски, бидејќи тврдат дека приложил неважечки сертификат ТОЕФЛ за познавање на англиски јаизик во 2022 година, од фирмата Јулија од Пловдив, Бугарија поради која оваа година две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затвор, бидејќи приложиле ист сертификат од истата компанија во 2022 година.
Според истражувањето на 360 степени, во Пловдив Бугарија фирмата Јулија не постои веќе неколку години и нема пријавено приходи до бугарскиот трговскиот регистар по 2016 година.
Доколку фирмата нема пријавено официјални приходи, не е возможно во меѓувреме некој да полагал ТОЕФЛ тест. Едниствено лиценцирано училиште од 2019 година за издавање на овие серификати по англиски јазик во Пловдив, Бугарија е училиштето “Класик”.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар