САД ќе и додели на Украина нова воена помош вредна 125 милиони долари
Соединетите Американски Држави планираат да испратат 125 милиони долари воена помош на Украина, во услови на тековната војна со Русија.
Според извори од администрацијата на претседателот Џо Бајден, пакетот помош вклучува различни одбранбени системи, вклучувајќи ракети за воздушна одбрана, муниција за системите HIMARS, анти-оклопни ракети, технологии за против-дронови и ракети „Џавелин“.
Изворот, кој во изјава за АП побарал да не биде именуван бидејќи пакетот помош се уште не е официјално објавен, изјавил дека со оваа помош ќе се искористи претседателската овластување за преземање оружје од залихите на Пентагон, пренесува Њусвик.
Очекуваната официјална објава веројатно ќе се случи подоцна оваа недела, со оглед на тоа што утре Украина го одбележува Денот на независноста.
Оваа помош е дел од поддршката на САД кон Украина, која од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година надмина 55,7 милијарди долари.
Ново на Сител
-
За изборната кампања и ефектот врз резултатите со комуникологот Бојан Кордалов
-
Опозицијата станува резервирана за изборите што ги понуди Мицкоски
-
До две илјади денари заштеда од храна без ДДВ, предлага СДСМ
-
Комората бара заемот од Унгарија што поскоро да стигне до бизнисот
-
Тошковски најави нови интересни случаи поврзани со групата „Грчец“ и организираниот криминал
-
Ден на ромскиот јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: 0% ДДВ на храната