Харис ќе го поддржи Западен Балкан во интеграциите, Трамп вети засилена безбедност во регионот
Потпретседателката на САД и демократска претседателска кандидатка Камала Харис изјави дека доколку биде избрана за претседател ќе ги поддржи земјите од Западен Балкан во борбата против корупцијата и продолжувањето на евроатлантските интеграции, додека поранешниот американски претседател и Републиканскиот кандидат Доналд Трамп вети економска соработка и зајакнување на безбедноста во тој регион.
-Харис постојано се залагаше за унапредување на демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Борбата против корупцијата е суштински интерес на американската национална безбедност, што е една од причините зошто Харис е целосно посветена на унапредување на евроатлантските аспирации на земјите од Западен Балкан. НАТО и ЕУ почиваат на заедничките демократски вредности, вклучително и силни, независни и одговорни институции“, рече портпаролката на изборниот штаб на Камала Харис во краток одговор на прашањето за идната политика на демократите кон Западен Балкан.
Во 2021 година, американскиот претседател Џозеф Бајден потпиша извршна наредба со која се предвидува блокирање на имотот и спречување на влез во САД на одредени лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан, за дејствија кои, меѓу другото, вклучуваат и корупција
Христос Марафакос, потпретседател на Националниот комитет за различности во изборниот штаб на Трамп, вели дека доколку републиканскиот кандидат биде реизбран, неговата политика „ќе ги нагласи прагматичните партнерства фокусирани на стабилноста, економските можности и борбата против корупцијата“.
-Трамп разбира дека вистинскиот мир доаѓа од силни, самодоволни држави. Неговата администрација ќе се фокусира на зајакнување на економската сила и безбедноста на балканските земји, овозможувајќи им да се спротивстават на корупцијата и надворешниот притисок. Ова значи поддршка на стратешките економски трговски договори и антикорупциските мерки не само со зборови, туку преку ефективни партнерства, споделување ресурси и обука што ги зајакнува локалните институции, рече Марафакос.
Тој тврди дека надворешната политика на администрацијата на Бајден на Балканот е „обележана со неактивност, празни ветувања и недостаток на посветеност за вистинско разбирање на уникатните предизвици во регионот“.
Ново на Сител
-
Осумгодишно дете повредено поради ,,Супермен челинџ''
-
Косово забранува продажба на енергетски пијалаци на лица под 18 години
-
Мицкоски-Касаноф: Европските интеграции остануваат врвен стратешки приоритет, САД цврсто стојат зад Северна Македонија
-
Меџити: Сите судии на Уставниот суд да бидат на ниво на задачата
-
ССМ будно ќе ја следи примената на новогодишната кошничка
-
Кос: Мојот сон е Западен Балкан да се интегрира во ЕУ
-
Бугарија: И при десеттиот обид пратениците не успеаја да изберат претседател на 51-то Народно собрание
-
Мицкоски: Драго ми е што дел од партиите во опозиција се свесни дека треба да се изолираат екстремите